Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штипските археолози открија некропола со осум починати лица на 500 метри од античкиот град Баргала

/

пред 88 дена

Сподели преку :

Меморијални, семејни гробници, и еден мал гроб открија штипските археолози на доцноантичката некропола „Џамлџиски гробишта“ на половина километар од античкиот град Баргала. Некрополата се простира на површина од пет хектари и на неа во гробниците се пронајдени коски на осум починати лица.

Пред археолозите на оваа локација „Џамлџиски гробишта“ во 2012 година истражувале и дивите копачи, по што е најдена една гробница. Штерјов вели дека Џамалџиите се познати и како суровари и очекува на оваа некропола да се откријат постари гробови.

За да се потврди колку се стари коските на починатите, нашата држава засега нема таква лабораторија, додека во соседните држави археолозите имаат такви можности. Археолошкиот локалитет Баргала е од четвртиот век, а потоа во петтиот и шестиот век прераснува во голем црковен град.

Викторија Јованова