Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК се модернизира – преку „Silent Call“ жртвите на семејно насилство и лицата во опасност ќе може да побараат помош

/

пред 88 дена

Сподели преку :

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али денеска во Тиват учествува на Регионалната конференција посветена на системите 112 и модерните технологии за управување си кризни ситуации.
Тој истакна дека наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи: • Прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот; • Испраќање фотографии од местото на настанот; • Испраќање видеа од местото на настанот; • Директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во итни ситуации.
Дополнително, ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата кои се наоѓаат во опасност тивко и безбедно да побараат помош.
Со воведувањето на овие нови функционалности продолжуваме да го модернизираме системот 112, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации, објави на Фејсбук директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али.