Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Мелони му преврте очи на Трамп и јасно стави до знаење дека е лута

/

пред 87 дена

Сподели преку :

Откако американскиот претседател Доналд Трамп за италијанскиот ТВ-канал „Ла7“ изјави дека  италијанската премиерка Џорџа Мелони го молела да се фотографираат на самитот на Г7 во Франција што подоцна таа го негираше ова и го обвини дека Трамп ја измислил приказната, јавноста по жестокиот конфикт меѓу двајцата ја очекуваше нивната средба на самиот на НАТО.

Трамп Во Турција запрашан за Италјанската премиерка изјави дека таа е фина личност, но односот меѓу нив двајца се променил.

-Мојот однос со Мелони стана малку лош затоа што таа одби да ни помогне со Иран. Но, ми се допаѓа. Мислам дека е фина личност, всушност. Но, мислам дека направи грешка“, рече Трамп во Турција, каде што дојде за самитот на НАТО.

Сепак она што го привлече вниманието на јавноста беше нивната средба, а не изјавата на Трамп. Односно на видеото јасно се гледа лутиот поглед на Мелони кон Трамп и како таа се обидува да се отргне од американскиот претседател, додека тој се обидува со „насмевка“ да ја задржи за фотографирање.


Инаку пролетва Италија не дозволи американски воени авиони да слетаат во воздухопловната база Сигонела на Сицилија пред да се упатат кон Блискиот Исток, бидејќи Вашингтон не побарал одобрение од владата во Рим.