Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Америка ги интензивира нападите кон Иран

/

пред 87 дена

Сподели преку :

САД втора вечер по ред го напаѓа Иран. Од Централната команда на САД сооштија дека нападите се со цел „дополнително да се деградира нивната способност да ја загрозат слободата на пловидба во Ормутскиот теснец“.

Иранските државни медиуми јавија дека експлозии одекнале во неколку градови, вклучувајќи ги Бушер, Бандар Абас и Сирик. Точната локација на експлозиите сè уште не е позната, но како што објавија медиумите во Иран,  нуклеарната централа во Бушер не е оштетена.

Иранската државна телевизија објави дека јужниот пристаништен град Чабахар останал без електрична енергија. Според иранската државна новинска агенција ИРНА, околу десет експлозии се слушнале во Чабахар .

Американскиот претседател Доналд Трамп еден час пред нападите објави на својот профил на социјалните мрежи Truth Social дека нападите се „одмазда“ за иранските напади врз бродови во Ормутскиот теснец.

„Ако се случи да нападнат повторно, ќе биде многу полошо“, напиша Трамп и објави снимка од нападот.  Претходно рече дека примирјето со Иран е завршено.