Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

/

пред 87 дена

Сподели преку :

Вреќи со градежен шут, стари рамки од прозорци, столици и друга покуќнина се оставени пред влезот на улицата Рузвелтова во населбата Карпош.

Сликите на Фејсбук ги сподели градоначалникот на Скопје кој напиша дека е утврдено кој го оставил отпадот и дека утре ќе му биде изречена глоба согласно законските прописи.

Казнети се уште две други лица од Аеродром кои исто така се затекнати како нелегално фрлаат шут.

Отпадот вечерва ќе биде подигнат и однесен на соодветна депонија, а сопствениците ќе треба да  приложат кантарска белешка како доказ до Град Скопје

Ѓорѓиевски порача дека инспекторите се 24 часа на терен и несоодветното скалдирање и фрлање на ѓубре ќе биде санкционирано.