Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски од Анкара: Активно придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството

/

пред 86 дена

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вели дека  одлуките донесени на Самитот на НАТО во Анкара, претставуваат чекор кон посилна Алијанса и поголема колективна безбедност. Тој преку Фејсбук статус пишува дека НАТО испорачува резултати и дека е  потврдена заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната

–Пораката е јасна: НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на одбранбените капацитети, поправедна распределба на одговорностите меѓу сојузниците и континуирана поддршка за Украина“, напиша Муцунски на социјалните мрежи.

Според Муцунски, на разговорите биле опфатени билатералните односи, соработката во рамките на Алијансата, но и актуелните регионални и глобални безбедносни прашања.

–Како посветен и кредибилен сојузник, продолжуваме активно да придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството, порача министерот.