Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Генералниот секретар на Интерпол: Maкедонија е важен партнер во борбата против организираниот криминал

/

пред 86 дена

Сподели преку :

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, оцени дека Македонија има сериозен пристап кон меѓународната полициска соработка и претставува важен партнер на организацијата во борбата против организираниот криминал.

„Од она што го видов за време на мојата посета – од соработката на границата со Албанија, до заедничките патроли со српската полиција – јасно е дека Северна Македонија сериозно ја сфаќа меѓународната полициска соработка. Токму тоа го прави Интерпол сè поважен партнер во современата борба против организираниот криминал“, нагласи генералниот секретар на Интерпол

При посетата на Полициската академија на МВР во Идризово, Уркиза истакна дека современиот криминал станува сè посложен поради технолошкиот развој и неговата меѓународна поврзаност, поради што е неопходна постојана обука и силна соработка меѓу полициските служби.

Го поздрави учеството на Македонија во меѓународните полициски операции и посочи дека Центарот за обука на МВР, кој е дел од глобалната академска мрежа на Интерпол, има значајна улога во подготовката на идните полициски службеници.

Уркиза потсети дека од ноември 2025 година Полициската академија е дел од Глобалната академска мрежа на Интерпол, во која членуваат само 28 полициски образовни институции во светот, што претставува значајно признание за професионалните капацитети на Министерството за внатрешни работи.

Во рамки на посетата беа презентирани капацитетите на Полициската академија, програмите за образование и стручно усовршување, како и активностите што Министерството за внатрешни работи ги реализира во насока на модернизација на полициската обука и нејзино усогласување со европските и меѓународните стандарди.