Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Матичните лекари протестираа со получасовен молк

/

пред 2272 дена

Сподели преку :

Матичните лекари излегоа на протест, секој пред својата ординација. Со получасовен молк, го искажаа револтот поради тоа што сами набавуваат заштитна опрема како маски, ракавици и дезинфициенси и ги обвинија здравствените власти за игнорантски однос кон нив. Во соопштението за протестот тие наведоа и пет барања.

Освен помош со набавка на медицинска заштитна опрема, побараа да има член претставник на матичните лекари во Комисијата за заразни болести, млади лекари кои се без работа веднаш да бидат вклучени во системот на работа, а пациентите сомнителни на Ковид-19 да бидат упатувани на тестирање според нивна проценка, а не по алгоритам.

Петар Догов