Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД: Од 27 јули почнува клучната фаза од испитувањето на вакцина против Ковид-19

/

пред 2271 дена

Сподели преку :

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна инк“ објави дека конечните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе започнат на или околу 27 јули.

Станува збор за третата, клучна фаза на тестирање на луѓе на вакцината мРНА-1273.

Клиничкото испитување го спроведува Националниот институт за здравство, а американската влада инвестираше близу половина милијарда долари во проектот на „Модерна“.

Завршните клинички испитувања ќе бидат спроведени на 87 локации во САД.

Во испитувањата ќе бидат вклучени околу 30.000 возрасни лица кои имаат големи шанси да се заразат со коронавирусот, објави фармацевтскиот концерн.

Со испитувањето ќе се спореди бројот на новозаразени меѓу лицата кои ја примиле новата вакцина и оние кои примале плацебо.

Експерименталната вакцина ќе биде тестирана во 30 држави во САД.