Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гужви и редици пред скопските поликлиники за вакцинацијата

/

пред 1914 дена

Сподели преку :

Редици и гужви од утринава се формираа пред влезовите на сите скопски поликлиники, откако денес започна вакцинацијата против ковид-19 без закажан термин.

Граѓаните се револтирани, бидејќи од утринава чекаат по топлото време, а сакаат имунизацијата да ја завршат пред температурите да се зголемат уште повеќе.

Се жалат дека чекаат предолго, дека нема добра организација, ни бројчиња, туку само преголеми гужви.  Здравствените власти апелираат до граѓаните да не брзаат, дека вакцини има за сите заинтересирани.

Министерот за здравство, Венко Филипче, исто така потврди дека граѓаните не треба да создаваат гужви пред поликлиниките,  додавајќи дека за подобра организација на вакцинацијата може да се побара помош и од полицијата и војската.