Здравствените власти не размислуваат за воведување на локален карантин во Тетово и покрај тоа што свадбите и прославите во градот донесоа голем број активни случаи на заразени со коронавирус, вели министерот Венко Филипче. Во тек се епидемиолошките анкети на заболените.











