18 нови случаи Ковид-19 во последните 24 часа , пријави Министерството за здравство.
11 од заразените се во Скопје, 6 во Тетово, додека 1 случај има и во Свети Николе.
Нема починати луѓе, додека од денес како оздравени се водат 7-мина.
Бројот на активни случаи Ковид -19 во моментов изнесува 207.











