Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одреден датумот на почетокот на СП во Катар

/

пред 2271 дена

Сподели преку :

Светскиот фудбалски шампионат чиј домаќин ќе биде Катар ќе се одржи во периодот од 21 ноември до 18 декември 2022 година.

ФИФА веќе го објави календарот на одигрување на натпреварите, а првиот круг ќе се игра до втори декември, а веќе следниот ден се стартува со елиминациската фаза.

Осминафиналните мечеви ќе се комплетираат до шести декември, а потоа следуваат два дена пауза.

На деветти и десетти на програмата се четвртфиналните соочувања додека полуфиналето е закажано за 13 и 14 декември.

Натпреварот за треттото место ќе се игра на 17 декември, а следниот ден е решавачката битка за трофејот на Мундијалот. Натпреварите ќе се играат на осум стадиони.