Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

До јавните обвинителства пристигнати 10 известувања за евентуални нерегуларности, најголем дел за агитирање и поткуп

/

пред 2271 дена

Сподели преку :

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите попладнево информираше дека гласањето до 17 часот се одвива во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности.

Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected] пристигнати се вкупно 10 известувања. Поголемиот дел се однесуваат на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии, а две од известувањата се однесуваат на лица кои го сликале сопственото гласачко ливче при остварување на правото на глас.

Комисијата продолжува со натамошна координација на основните јавни обвинителства кои се организирани со дополнителни дежурства на јавните обвинители и постапуваат итно, преземајќи дејствија за расчистување на настаните и утврдување на фактите., се наведува во соопштението.