Генералниот секратар на СДСМ Љупчо Николовски, по завршувањето на гласањето им честиташе на државните институции за демократскиот изборен ден, посочувајќи дека државата може да се справи со предизвици од различен карактер.
Наскоро ги очекуваме првите резултати. Со право очекуваме сигурна победа за СДСМ и чист мандат за коалицијата „Можеме“, рече Љупчо Николовски.











