Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ со пукотници и рафали ја слави победата во Скопје и со зурли и тапани во Тетово

/

пред 2271 дена

Сподели преку :

Демократската унија за интеграција објави вечерва победа на вонредните парламентарни избори во општините каде мнозинство од гласачите се Албанци.

Во Скопје кај споменикот на Скендер Бег се собра поголема група граѓани, кои ја слават победата на ДУИ а се слушнаа и истрели од огнено оружје.

Во штабот на ДУИ во Мала Речица, Бујар Османи објави голема победа во речиси сите општини каде што албанското население е мнозинско.

И тука дојдоа поголем број приврзаници на партијата , кои со зурли и тапани ја слават победата.