Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови 37 случаи со Ковид-19, 23 оздравени, нема починати пациенти

/

пред 1891 дена

Сподели преку :

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1. Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Тетово – 10, Скопје – 4, Куманово – 3, Кичево – 2, Гостивар, Штип, Струмица и Кочани – по 1.

Не се пријавени починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 156.543 бројот на оздравени пациенти е 150.422, на починати е 5.494, а на активни случаи изнесува 627.