Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина 29 годишна трудница од Куманово позитивна на Ковид-19, бебето е во инкубатор

/

пред 1886 дена

Сподели преку :

Почина 29 годишна трудница од Куманово која била ковид позитивна. Пред да и се влоши состојбата бебето е извадено на клиниката за гинекологија и акушерство со царски рез и е во инкубатор.

Жената била без коморбидитети во седми месец од бременоста. Пет денови се лекувала во кумановската болница и три на ГАК. Но резултатите од хемостазата биле лоши, се интервенирало со лекови за корекција на крвта, но и паѓала и сатурацијата па е породена со царски рез. По пораѓајот е прфрлена на инфективната клиника во Скопје и на машина била приклучена 48 часови. Починала ноќеска. По професија била логопед, но не била вакцинирана.

Другите двајца починати кумановци се на 49 и  74 години. Уште едно починато лице има во Гостивар на 78 години. Сите починале во болнички услови.

Бројот на заболени од Ковид 19 се зголемува од ден во ден. Во изминатотото деноночие, регистрирани се 398 новозаболени. Новите  случаи на заболени од Ковид 19 се од направени 6.383 тестирања. Од нозаболените во  Скопје има 136, Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево – по 23, а во останатите градови има по помлаку од 20 новозаболени. Оздравени се 18 пациенти а во моментов активни се 1.994. случаи.