Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Дерковски за Телма: Попладне првични резултати

/

пред 2270 дена

Сподели преку :

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на гостувањето во вестите на Телма во 12.30, рече дека попладне веќе ќе бидат објавени првичните резултати од пребројувањето на гласови од гласањето на вчера одржаните парламентарни избори.

Дерковски вели дека вчера објавените резултати, кога падна сајтот на ДИК нема да претрпат големи промени.

Синоќа од ДИК објавија дека коалицијата Можеме, предводена на СДСМ освоила 46 пратеници, а коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ 44 пратенички мандати.

Првиот човек на ДИК рече дека пред еден час е пријаено и за хакерскиот напад врз интернет страницата на ДИК.

Од МВР за Телма велат дека веќе работат на случајот.

Државната изборна комисија  денеска соопшти дека сеуште се врши прием на материјалот од општинските изборни комисии и при тоа рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места (записници бр.16) , како и записниците за сумирање и утврдување на резултатите од општините (записник бр. 21), со цел точно да можат да се утврдат неофицијалните конечни резултати.

Неофицијалните конечни резултати ќе бидат соопштени на попладневната седница на Државната изборна комисија.