Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Болничките капацитети во Тетово и Гостивар полни со ковид пациенти

/

пред 1878 дена

Сподели преку :

Состојбата со коронавирусот во Полошко е многу сериозна. Болничките капацитети во тетовската Клиничка болница брзо се полнат. Хоспитализирани се дури 90 пациенти, а 120 лица дневно имаат потреба од амбулански преглед. За да се опслужат сите кои имаат потреба од медицинска помош, за првпат од почетокот на пандемијата ако има потреба ќе се премнаменат и други одделенија. Се прави реорганизација за да може да продолжат и другите медицински услиги во болницата.

На инфективното одделение и во модуларниот објект на гостиварската болница нема слободни кревети, па пациенти се примаат на интерното одделение. На лекување се 75 пациенти со ковид 19, од кои голем дел се со тешка клиничка слика.

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утрово била направена координација каде да се препраќаат пациентите. Тој информираше дека се отвора и модуларната болница до Инфективната клиника, инфективното одделение на ‘8 септември’, три тријажни центри.

Иако вчера беше најавено, сепак, дополнителни мерки за Тетово засега нема да има, така одлучиле здравствените власти.

Данијела Билбилоска