Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Локализиран голем дел од пожарот во близина во Атина

/

пред 1872 дена

Сподели преку :

Поголем дел од пожарот што во понеделникот изби во околината на планинското село Вилија во северозападниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, е локализиран, а активно е само едно жариште, јави дописничката на МИА од Атина.

Од противпожарната служба на Грција, утрово информираа дека со огнената стихија се справуваат 461 пожарникар со девет пешадиски тим и 166 возила, четири хеликоптери и четири авиони, а помагаат и 143 пожарникари со 46 возила од Полска, но и волонтери, цистерни од локалната самоуправа и пешадиски тима од војската.

Противпожарните сили во Грција веќе петти ден го гаснат пожарот што е во непрооден планински дел, а во изминатите денови беше потребно и превентивно да се евакуираат жителите од неколку села.

Министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис вчера  информираше дека за 24 часа биле регистрирани 55 пожари.