Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сајтот на ДИК повторно има проблеми

/

пред 2269 дена

Сподели преку :

Откако утрово конечно проработе веб-страницата на Државната изборна комисија повторно има проблеми. На сајтот на Државната изборна комисија ги има податоците за излезноста, но не и резултатите од изборите.

Страницата на ДИК беше надвор од употреба откако беше хакирана кратко по затварањето на гласачките места, кога се очекуваше да започне со објавување на прелиминарните резултати.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, информираше дека полицијата била известена за хакерскиот напад на веб-страницата на ДИК и дека станува збор за надворешен напад. Според него, станува збор за хакерски напад, кој предизвикал мало одложување на оперативната активност.