Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Експлозија пред аеродромот во Кабул

/

пред 1864 дена

Сподели преку :

Пред аеродромот во Кабул, во Авганистан, се случи експлозија, напиша на Твитер портпаролот на Пентагон Џин Кирби.

Тој пишува дека нема информации за жртви. Си-Ен-Ен јави дека според неименуван американски дипломат во експлозијата има повредени. Некои медиуми јавуваат дека се разнел бомбаш самоубиец.

Би-Би-Си јавува дека кај влезот на аеродромот се сместени британските воени сили.

Станува за збор за еден од трите влеза во аеродромот, кои предходно денеска беа затворени поради опасност од терористички напад.

Ова се фотографии кои се појавија на социјалните мрежи на кои се гледаат повредени луѓе, но се уште нема официјална потврда дека овие фотографии се автентични.

https://twitter.com/i/status/1430892941573189644

На американскиот претседател Бајден му било кажано за инцидентот за време на состанокот со безбедносните претставници за ситуацијата во Авганистан, објави Ројтерс.