Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хаити нуди 60.000 долари за информација за атентатот на претседателот

/

пред 1864 дена

Сподели преку :

Владата на Хаити ќе плати повеќе од 60.000 долари на оние што можат да помогнат да се одреди локацијата на трите лица вклучени во атентатот на претседателот Жовенел Моиз во јули, објави денеска агенцијата ЕФЕ.

Полицијата трага по Вендел Кок -Тело, поранешен судија во Врховниот суд, по поранешниот службеник во Министерството за правда, Жозеф Феликс Бадио и поранешниот сенатор Џон Жоел Жозеф.

Моис беше смртно ранет на 7 јули кога непознати лица упаднаа во неговата резиденција. Во истиот напад беше повредена и неговата сопруга, но таа преживеа.

Властите на Хаити подоцна објавија дека во групата напаѓачи има 26 колумбиски државјани.

Во овој случај беа уапсени повеќе од 40 лица.