Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поднесени се три независни листи во Струмица, Босилово и Ново Село

/

пред 1862 дена

Сподели преку :

Здрава котлина поднесе независни листи за советници за општините Струмица, Босилово, и Ново Село. Граѓанската организација до понеделник на полноќ треба да ги собере потписите за нивните независни листи. Под името „Стига е“ –  тие најавуваат фронт против рудникот и загадувачите на животната средина на локалните избори во октомври.

Независните листи треба да соберат 350 потписи за општина Струмица и по 150 за независните листи во Босилово и Ново Село.

Од здрава котлина велат дека имале многу притисоци, но и покрај тоа успеале да ги поднесат советничките листи.

Здрава котлина најавуваа и независни кандидати за градоначалници во овие општини, но, сепак се поднесени само советнички листи.

Сузана Мицева