Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Конечно имплеметирана спогодбата меѓу Макпетрол и државата за ГА-МА

/

пред 1860 дена

Сподели преку :

Конечно се имплементираше спогодбата потпишана помеѓу Макпетрол АД Скопје и Република Северна Македонија за решавање на спорот во врска со нивните акции во претпријатието за транспортерот на природен гас во Македонија ГА-МА, објавува Економската енергетска заедница.

Спорот го блокираше развојот на секторот за гас во Северна Македонија во изминатите 22 години.

Спорот е решен со посредство на Центарот за решавање спорови во енергетска заедница, каде страните се согласија за акции од 50%-50% во ГА-МА, а Владата се согласи да го купи уделот на Макпетрол во ГА-МА. Претпријатието за транспорт на гас, кое сега е во целосна државна сопственост ќе треба да се раздвои и да се сертифицира во согласност со Третиот енергетски пакет.