Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Укината пресудата за убиството на Пино Секондо- обвинетата Ангела останува во притвор до ново судење

/

пред 1859 дена

Сподели преку :

Апелациониот суд во Скопје ја укина 19-годишната затворска казна пресудена на скопјанката Ангела Ѓорѓиевска која беше прогласена за виновна за помагање во убиството на Пино Секондо кое беше извршено во 2018-ма година.

-Пресудата е укината поради суштествена повреда на постапката и погрешно утврдена фактичка состојба. Ќе биде доставена до странките, и по анонимизирање ќе биде објавена јавно. Со пресудата е продолжена мерката притвор за обвинетата, ни изјавија од скопскиот Апелационен суд.

Еленко Миланов, адвокатот на обвинетата Ангела за А1он потврил дека лично го добил известувањето за одлуката.

Пино Секондо, син на Италијанец и Македонка со живеалиште во Скопје исчезна есента 2018-та. И покрај интензивните потраги не беше пронајден ниту тој ниту автомобилот со кој последен пат е виден. Според обвинението, но и според неговите најблиски, последниот телефонски контакт, Пино го имал токму со Ангела.

Остатоци од телото на убиениот Пино беа најдени наредната пролет во напуштен предел во близина на скопското село Љуботен.

По истрагата, која од случај на исчезнување прерасна во истрага за убиство беа обвинети Ѓорѓиевска за помагање и Фуркан Али за извршување. Али се уште е во бегство. Повеќе информации за случајот, емисијата КОД објави две истражувања, првин за истрагата, а потоа откако беше најдена жртвата.