Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четвртоодделенците од струмичко „Никола Вапцаров“ немаат учебници

/

пред 1853 дена

Сподели преку :

За четвртоодделенците од струмичкото основно училиште „Никола Вапцаров“ денеска не почна училишната недела. Родителите на учениците од паралелки велат дека нема да ги пуштат децата на настава се додека не добијат учебници. Тие се противат на целосно дигитализирана настава.

Во останатите три основни училишта во Струмица засега нема слични реакции.

Наставата во четвртоодделение во другите основни училишта се одвива без проблеми, но родителите велат дека се организираат и ги фотокопираат наставните материјали. Цената за фотокопирање се движи од 800 денари во црно –бело до 1600 за фотокопии во боја.

Директорот на ова училиште вели дека учениците сепак ќе имаат и учебници. Според неговото тврдење, учебници за четврто одделение се очекува да пристигнат во наредниот период.

Сузана Мицева