Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По долго време прв пат за 24 часа нема починат од Ковид во тетовската болница

/

пред 1852 дена

Сподели преку :

Во изминатите 24 часа, до седум часот утринава во тетовската клиничка болница нема починат пациент меѓу заболените кои се на болничко лекување во Ковид центарот. Се намалува и бројот на хоспитализирани во болница.

-За прв пат после повеќе од три недели при евиденција на 24 часовните период немаме починат пациент меѓу хоспитализираните.  Има нови девет примени на болничко лекување, а 13 се пуштени дома. Сега има вкупно 84 хоспитализирани од кои 82 се на кислородна поддршка. Бројот на прегледи во амбуланта изнесува135, изјави д-р Миранда Пајазити.

Пред една недела на 31 август имаше 116 хоспитализирани, додека пред две недели на 24 август имаше најголем број 10 смртни случаи за 24 часа.