Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Создадовме држава со европска иднина, порача државниот врв од свечената манифестација за 30 години независност

/

пред 1851 дена

Сподели преку :

Со свечана манифестација пред собранието – Македонија одбележува 30 години независност. Во изминатите три децении – подеми и падови на политички и економски план, пред година и половина  стана 30-та членка на НАТО, со што се оствари еден од најважните стратешки приоритети, но земјата се уште чека пред портите на Европската Унија. Државниот врв – вечерва со порака дека имаме една заедничка држава и сите сме одговорни за нејзината перспектива, чија европска перспекитва е извесна.

Церемонијата почна со изведба на делото „Симфонија за филхармонија“ од композиторот Живоин Глишиќ. Следуваше дефиле. Здравствени работници, спортисти, пожарникари, припадници на полицијата и армијата, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, национални ансамбли и културно-уметнички друштва, продефилираа низ центарот на главниот град. Емотивни беа минувањата на рудниците, на кои државниот врв стоечки им аплаудираше, како и на полицијата и војската.

По инторнирањето на македонската химна, како и химната на ЕУ, следуваа говорите од претседателот Пендаровски, собранискиот спикер Џафери и премиерот Заев.

 

Церемонијата заврши со огномет и менување на боите на Собранието.