Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марш во Тетово за почит кон жртвите од пожарот

/

пред 1848 дена

Сподели преку :

Во Тетово денеска беше одржан граѓански марш од градскиот плоштад до изгорената модуларна болница во знак на почит кон 14-те луѓе кои ги загубија животите на 8 септември. Пред тргнувањето на маршот на плоштадот симболично беа засадени дрвја во знак на почит кон загинатите сограѓани.

Групата тргна од градскиот плоштад и се движеше преку булеварот „Илинденска“ се до улицата „29 Ноември“ по што се доближи до новиот пристапен пат кој води позади модуларната болница . Таму беше положено цвеќе и венци, а беше оддадена почит и со минута молк. Беа поставени и неколку транспаренти со натписите „Жив сум – протестирам“ и „Човечкиот живот има вредност“.

Ние сме навивачи, ова не е протест, не е политички мотивиран, туку само мирен марш за почит кон загинатите во пожарот, изјави Башким Идризи од навивачката група „Балисти“ кои ја покренаа иницијативата за маршот преку социјалните мрежи.

На маршот се придружија голем број граѓани на Тетово.