Државната изборна комисија експресно ги отфрли денеска 1478-те приговори на партијата Левица за вонредните парламентарни избори, затоа што не биле уредно доставени, односно немале потпис од овластено лице или печат.
На оваа партија и остануваат уште 504 приговори. ДИК продолжи со разгледувањето на приговорите на коалицијата Алијанса за албанците и алтернатива кои имаат поднесено вкупно 151 приговор.











