Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наградата „Ристо Шишков“ ја доби актерката Ѕвездана Ангеловска

/

пред 1845 дена

Сподели преку :

Ѕвездана Ангеловска-лауреат на Фестивалот за камерен театар Ристо Шишков. Жирито едногласно одлучи дека играта на Ангеловска е маестрална рекострукција на нашето современие. Според образложението, таа имала современ и беспрекорно точен перформанс.

Актерката на МНТ Ѕвездана Ангеловска за улогата ТАА  ја доби наградата „Ристо Шишков“ на 29-тото издание на Фестивалот на камерен театар. Тричленото жири едногласно одлучи дека Ангеловска треба да го понесе престижното признание, со што таа по вторпат ја добива оваа награда. Во телефонската изјава рече дека е изненадена и не ја очекувала.

Во образложението за наградата жирито наведува дека преку играта на Ангеловска се реконструира пошироката слика во општеството од социјален, идеолошки и религиозен карактер.

Наградата се состои во златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во висина од 1500 евра.

Сузана Мицева