Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Османи: Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија

/

пред 1842 дена

Сподели преку :

Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија, напиша утрово на Твитер шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност, напиша Османи.

Бугарското Собрание на 8 септември ја одобри донацијата од над 50.000 вакцини за Македонија. Министерот за здравство на Бугарија Стојчо Кацаров тогаш појасни дека донацијата требало да се изврши во јуни, но поради проблеми со процедурите тогаш тоа не било извршено.