Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шекеринска на средба со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин

/

пред 1841 дена

Сподели преку :

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која е во неколкудневна работна посета на САД, се сретна со со секретарот за одбрана, Лојд Остин, што е прва средба на највисоко ниво со новата американска администрација.

“Застојот во евроинтеграцијата на Северна Македонија ја поткопува довербата во европските вредности и во храбрите одлуки што ги направивме како држава за да ги отстраниме препреките на тој пат. Сметам дека силен и координиран европски и американски ангажман би довел до позитивно придвижување и надминување на статус-кво во процесот, со што ќе се врати довербата во него и ќе се оневозможат влијанијата од трети страни“ – порачала Шекеринска, пишива во соопштението од Министерствот за одбрана.

Во холот на НАТО во Пентагон се одржала и посебна церемонија на откривање на македонското знаме, како 30-та членка на Алијансата.