Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заев останува на ставот дека одлуката за оставките ќе ја донесе согласно информациите од истрагата

/

пред 1837 дена

Сподели преку :

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека останува на ставот оти ќе ги чека информациите од истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, па потоа ќе донесе одлука за оставките на двајцата директори на болницата, министерот и заменик министерот за здравство.

Како што реков, ред е да ја почекаме истрагата. Така да јас би чекал и секако останувам на ставот на тоа што го соопштив, согласно информациите од истрагата јас ќе го соопштам ставот по етичкиот однос на поднесувањето на оставките на директорот на болницата, на економскиот директор, на министерот за здравство и на заменик министерот за здравство, рече Заев на прес-конференцијата во Владата.

Се надева час поскоро дека ќе заврши истрагата, заради тоа што, како што рече, граѓаните чекаат да добијат информација за тоа што точно се случило и кои се причините за пожарот.

Околу барањето на опозицијата да биде формирана анкетна комисија за пожарот во болницата, премиерот кажа дека ниту тој, ниту Парламентот треба да истражат еден орган.

Конзистентни сме во политиките и ставовите што ги градиме. Нека излезе истрагата, нека сработат професионалците и експертите и нека кажат во суштина преку своите извештаи, а секако Парламентот потоа си има право да формира анкетни комисии, да дебатира, да анализира, да укажува, да корегира итн., рече Заев.

Прашан дали има простор за сомнеж за злоупотреба на средства од Светска Банка, тој рече дека ни малку не се сомнева.

Нема да коментирам, истрага е нормално. Благодарни сме што Светска Банка излезе со ваквите флексибилни алатки навремено за многу земји, така и за нас и да можеме проактивно да реагираме кога граѓаните беа блиску до можноста да останат пред паркинг просторите пред Инфективната клиника. Потоа во инфективните клиники ширум државата да направиме модуларни болници кои се поставуваат времено заради прифат на граѓаните позитивни на ковид и обезбедување на доволни места, апсолутно спецификацијата е таа која е направена, таа е иста спецификација што ја има насекаде во светот, не е ништо поразлично, ја има во многу земји каде ги има истите спецификации и проекти и така е спроведена, со тоа што секако и самата имплементација е така реализирана. Истрагата ќе ги даде сите детали и сите одговори потребни за целото население, заклучи Заев.