Чифлиганец ја купува Топлификација – понудил 9,3 милиони евра. Собранието на доверители на 8 октомври треба да пресече дали ќе ја прифати понудата. Информацијата на Телма ја потврди стечајниот управник на Топлификација Богољуб Макревски.
Прочитајте повеќе: Историчарите контра Заев – историските факти не можат да се скријат
На електронското наддвање имало две понуди, но таа на Адора била поповолна и прифатена. Доколку Собранието на доверители ја запечати понудата, Адора ќе стане сопственик на двете топлани Исток и Запад и целиот имот на Топлификација запишан во стечајната маса.











