Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кандидати за градоначалници одбиваат да го потпишат Кодексот за фер избори

/

пред 1835 дена

Сподели преку :

Фарса е да се стави потпис на нешто што веќе одамна се прекршува. Со ова образложение, Александар Тортевски од Твоја партија, Горан Арсовски од Комунистичка партија и независниот кандидат Љубомир Јосифовски, одбија да се потпишат на Кодексот за фер и демократски избори. Церемонијата организирана во седиштето на град Скопје, за нив е бесмислена, во ситуација кога кандидатите се одамна на терен, ги злоупотребуваат социјалните мрежи  и ги наоѓаат сите можни законски дупки за да претстават дека тоа што го прават всушност не е кампања.

Незадоволни се и од распределбата на државните пари за партиите. Сметаат дека, државата воопшто не треба да одвојува пари за политичките субјекти, кои треба да се финансираат исклучиво од донации. Реагираат и на игнорантскиот одност на Државната изборна комисија кон злоупотребите.

И кандидатот за Битола од Демократи, Јорго Огненовски, сакаше да не го потпише кодексот, но се предомисли.

Иако според член 69 а од Изборниот законик, за кампања се смета и јавно собирање и средби организирани од страна на учесникот, видео презентации на јавни места, интернет претставување, кандидатите  негираат дека  тоа што го прават е дел од кампањата.

Повеќето кандидати одамна се растрчани на терен, почнуваат и завршуваат проекти, се среќаваат со граѓани, палат свеќи во црква, посетуваат паркови и пазари и за сето тоа се фалат на фејсбук.

Но, Државната изборна комисија не реагира на злоупотребите. Социјалните мрежи не се во нивна надлежност, а за останатото велат дека немаат време. Во телефонски разговор, претседателот Александар Даштевски, рече дека имаат премногу работа, а и годинава прекршувањата не биле толку страшни.

Далиборка Демјанска Цветановска