Германија нема традиција на формирање тропартитни владини коалиции, а овие избори наложуваат формирање токму ваква, оценува новинарот Борис Ѓеоргиевски во вечерашното гостување во вестите на Телма.
Можни коалициони партнери се Социјалдемократите, Зелените и Либералите, но Ѓеоргиевски очекува тешки преговори особено затоа што ставовите на Зелените и Либералите се судираат на некои од клучните прашања.











