Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стадион за еднократна употреба

/

пред 1831 дена

Сподели преку :

За нешто повеќе од една година Катар ќе биде домаќин на Светскиот фудбалски шампионат. Претстојниот Мундијал ќе биде уникатен по многу работи, а една од нив е стадионот Рас Абу Абуд чија приказна околу конструкцијата и изградбата е единствена на планетава.

Стадионот се гради во западниот дел од катарската престолнина Доха и е единствен пример во историјата на светските шампионати.

Тој ќе биде еден од најефтините зданија на кои ќе се играат мечевите на Мундијалот со оглед на фактот дека во неговата конструкција се вградени рециклирани бродски контејнери земени од пристаништето во Доха, а и останатите материјали кои се користат за неговата градба веќе некаде биле користени.

Но, ова не се единствените податоци кои се уникатни во приказната за Рас Абу Абуд. По завршувањето на шампионатот, стадионот целосно ќе се размонтира и деловите ќе бидат искористени за градба на други пред се спортски објекти во земјата.

На трибините на стадионот ќе има место за 40.000 гледачи и ќе биде отворен кон крајот на годинава. Без разлика на материјалите што се користат стадионот ќе добие пет ѕвезди како и останатите седум од кои два се во Доха, а останатите пет во Лусаил, Ал Хор, Ал Рајан и Ал Вакра.