Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарското МНР врачи протестна нота на привремениот шеф на македонската амбасада во Софија

/

пред 1830 дена

Сподели преку :

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија врачи протестна нота на привремениот шеф на амбасадата на Република Северна Македонија, Владимир Крстевски поради утврден случај на замена на бугарски споменик сместен на територијата на југозападниот сосед, соопшти бугарското МНР.

На денешната средба во МНР, директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева го известила в.д. шефот на македонската амбасада дека бугарската дипломатска мисија во Скопје открила оти во дворот на црквата во село Клепач, прилепско заменетa е надгробната плоча на војводата Велко Скочивирчето и осум негови генерали кои загинале во битка со османлиските трупи во 1904 година.

Исто така, откриено е дека е заменет оригиналниот натпис на литературен бугарски јазик, отстранети се делови од автентичниот текст и некои од имињата на убиените бунтовници.