Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полни затвори со нехумани услови и недостаток на лекари

/

пред 1830 дена

Сподели преку :

Најголемиот број од затворите во земјава немаат редовно вработен лекар. Недостигаат стоматолози, а во ниту еден затвор нема психијатар, иако 20 проценти од затоворениците се зависници од дрога. Лекарите не се јавуваат на огласите а корона пандемијата дополнително го зголеми овој проблем. Состојбата ја констатираат невладините и Народниот правобранител а се наведува и во извештајот на Здружението на млади правници кои денеска ги презентираа заклучоците од завршениот проект во присуство на надлежните министри.

За проблемите во затворскиот систем знае и министерот за правда Бојан Маричиќ. Реновирањето оди етапно а лекари треба да обезбеди Филипче од здравство, вели Маричиќ. Според него по скандалите со затвореници кои слободно шетаат не постојат привилегирани затвореници и за сите исто важат правилата.

Затворениците заслужуваат прикладен третман и пристојни услови каде и да претстојуваат, во кој било затвор или казнена установа. Условите на затворите се важни од аспект на интеграцијата на Македонија во Европската Унија, бидејќи се работи за основни човекови права, вредност за која ЕУ се придржува цврсто истакна, пак, Фрејк Јанмаат, Делегацијата на Европска Унија во земјава.

Павле Беловски