Вечерва во 20 часот завршува пописот, најсеопфната статистичка операција, која почна на 5-ти септември. Голем дел од граѓаните, кои попишувачите не ги најдоа во нивните домови и денеска сами одат во пописните пунктови за да ги остават потребните податоци. Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.813.153 лица.











