Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Елмас за само 11 секунди ја затресе мрежата на Спартак Москва (ВИДЕО)

/

пред 1829 дена

Сподели преку :

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва го постигна еден од најбрзите голови во историјата на Лигата на Европа.

Тој стрелаше за Наполи за водство од 1-0 против Спартак Москва по само 11 секунди игра на натпреварот. Нашиот интернационалец го искористи киксот на Александар Максименко.

 

Според неофицијални статистики Елмас го има вториот најбрз гол во историјата на второто по ранг клупско натпреварување во Европа. На првото место и натаму е Јан Сикора, кој за Либерец постигна гол за 10,69 секунди против тимот на Карабах во 2016 година.