Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Митревски и Ристовски со најдобри одбрани

/

пред 1828 дена

Сподели преку :

Ракометарите на Вардар и по три кола во Лигата на шампионите се уште не ја почувствувал горчината на поразот. Победничката низа на “црвено-црните” продолжи по триумфот над Алборг, а во оваа трета рунда комплетна доминација на македонските голмани.

Во изборот на најатрактивните интервенции македонските чувари на мрежата ги освоија првите две места. Двојната одбрана на Борко Ристовски на дуелот со европскиот вицешампион Алборг се најде на втората позиција додека на првата е Никола Митревски, кој исто така блескаше на голот на Порто на мечот против Динамо во Букурешт.

Место меѓу најдобрите има и за левиот бек на Вардар, Оливие Ниокас кој со седумте погодоци беше меѓу најзаслужните за триумфот во третата рунда од елитното натпреваување.