Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Готова е руската вакцина против коронавирусот

/

пред 2266 дена

Сподели преку :

Првата руска вакцина против коронавирусот, направена од воени експерти и научници од Националниот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, е подготвена, соопшти денеска рускиот заменик министер за одбрана Руслан Цаликов.

Тој рече дека експертите и научниците од Националниот центар за истражување ги извршиле последните проверки и тестирања, дека сите доброволни приматели на новата вакцина развиле имунолошки одговор на коронавирусот и оти се чувствуваат добро.

Можам да кажам дека првата вакцина против коронавирусот е готова, рече Цаликов во разговорот со новинарите од весникот „Аргументи и факти“.