Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скулпторите реагираат на корона кризата

/

пред 2265 дена

Сподели преку :

Домашните скулптори реагираат на кризата со корона вирусот. Нивните творби се дел од изложбата , насловена „ Современа скулптора“, која е отворена во галеријата на Друштвото на ликовни уметници на Македонија , во ГТЦ. Изложбата може да се види со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.

Друштвото на ликовни уметници , по втор пат ја организира и отвори изложбата на тема, современа скулптура. На неа можат да се забележат и дела кои се ангажирани и кои ја коментираат актуелната состојба со корона вирусот.

Од запрашаност над ситуацијата, преку иронично- хумористичен израз до приказ на психолошката состојба во услови на самоизолација. Ова е пристапот преку кој уметниците Златко Бојковски, Ана Димчевска Семенпеева и Јовица Мијалковиќ, го коментираат животот во услови на корона вирус.

  • И мене ме интригираше и бев изненадена дека толку бргу успеале да реагираат. Веројатно затворени , тие размислувале во оваа насока и мислам дека мошне впечатливо го интерпретираат овој миг, вели Марика Бочварова Плавевска, историчарка на уметност.

На изложбата низ апстрактни, фигуративни и кинетички дела се претставуваат уште 10 автори од средната и помладата генерација. Во чест на Боро Митриќески, по кого е именувана наградата од семејството на скулпторот, беше изложена неговата „ Старица“. А, наградата отиде за подвижната скулптура која го претставува човечкиот безизлез во технократската ера, од уметникот Перо Кованцалиев.

  • Тој претставува еден од иноваторите во нашите скулпторски размислувања, иако се потпира на кинетичката уметност, дополнува Бочварова Плавевска.

Со маски и држење растојание, изложбата може да се види до 30 јули.

Сотир Трајков