Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Триесетина угостители ги откажале сите свадби и забави

/

пред 2264 дена

Сподели преку :

Триесетина угостители и сопственици на објекти за организирање на свадби денеска го инфромирале Државниот пазарен инспекторат дека ги откажале сите свадби, забави и концерти кои биле закажани за викендов и за наредниот период. Од ДПИ соопштија дека станува збор за угостители од повеќе градови во државата и додаваат дека за викендов речиси и да немало град каде во некој објект не бил закажан настан предвиден за повеќе стотици гости.

Нивната одлука доаѓа откако тие беа контактирани од тимови на инспекторатот и им беше предочено дека не смеат да организираат настани со голем број на гости и дека следува автоматско затварање во траење од 30- дена и кривична пријава по членовите 205 или 206 од кривичниот законик.

Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период а дополнителни тимови инспшектори ќе бидат испратени во тетово, Гостивар, Струга и Охрид.

Огнен Чанчаревиќ