Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СВР Куманово ја вклучи внатрешната контрола во расчистување на случајот со Димитриевски

/

пред 1830 дена

Сподели преку :

Откако кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски, на својот Фејсбук профил објави видео во живо за што рече дека го запрела полиција и го пратила на технички преглед, со реакција се јави и Секторот за внатрешни работи Куманово.

Оттаму кратко информираат дека во случајот ќе биде вклучена внатрешната контрола при МВР.

Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило „рено“, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни работи го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР

Максим Димитриевски запрен од полиција, го испратиле на технички преглед