Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Медицинското средно училиште и Зеф Љуш Марку- први средни училишта каде се спроведува скринингот меѓу учениците во Скопје

/

пред 1813 дена

Сподели преку :

Почна скрининг-тестирањето за корона низ учишиштата известува новинарот на Телма Петар Догов.

Први беа средношколците од училиштето Зеф Љуш Марку, а потоа и од средното медицинско училиште. Тестовите ги вршат мобилни екипи на ЦЈЗ Скопје, а учениците излегуваат од час и одат во посебна просторија каде што се задржуваат една минута додека да им биде земен брис, и потоа се враќаат во училница.

Според екипите на ЦЈЗ Скопје, главната придобивка од скринингот најпрво е за учениците да бидат свесни за своето здравје, а потоа и за надлежните соодветно да ги креираат образовните политики.

Од друга страна, скриниг тестирањето почна и во основните училишта, но во повеќе градови и општини во внатрешноста.

Дополнително денес се проверуваат и основците во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Петар Догов